Краткиот филм „Северен пол“ на македонската режисерка Марија Апчевска-Петровска се квалификува за „Оскар“ и доби номинација за Европски награди откако на 63. издание  на Интернационалниот фестивал на документарен и краток филм ЗИНЕБИ во Билбао, Шпанија ја освои Големата награда.

Филмот е во продукција на „Кино око“.

Овој фестивал е единствениот во Шпанија од А категорија за краток игран и документарен филм кој е препознаен од организацијата FIAFP (International Federation of Film Producers Association).

Со освојување на оваа награда филмот се квалификува за наградата „Оскар“ што ја доделува Американската академија за подвижни слики, наука и уметност (AMPAS). Исто така, на истиот фестивал филмот „Северен пол” ја доби и номинацијата за Европските филмски награди (EFA), соопштија од продукцијата „Кино око“.

По премиерата во официјалната селекција во Кан филмот „Северен пол” учествуваше на повеќе од дваесет интернационални фестивали во светот.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуча, кастинг Кирија А. Николоска.

Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од Сервиа Филм и Миодраг Поповиќ од Форгрејд од Србија и Петер Шекереш од Тиволи продукција од Унгарија.

„Северен пол” е финансиски е подржан од Агенцијата за филм и Српскиот филмски центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.