Краткиот филм „Налепница“ работен по сценарио и режија на Георги М. Унковски ја доби наградата за најдобар краток игран филм на 51. Филмски фестивал во Нешвил, еден од најстарите американски филмски фестивали основан во 1969. Со ова „Нaлепницa“ ја добива и втората награда што носи квалификација за трката за номинација за Оскар во 2021.

„Налепница“ веќе се квалификуваше за влез во трката за Оскар откако на 22 септември победи на фестивалот „Ин д палас” во Софија, Бугарија, кој е еден од таа листа за Оскар квалификации.

„Налепница“ во јануари имаше премиера на престижниот американски фестивал на независни филмови Санденс, а продуцентот објави дека за 9 месеци играл во официјална конкуренција на 135 фестивали, освоил 20 награди и имал дистрибуција на „Топик“, „Канал + Шпанија“ и „Ејч-Би-О Европа“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.