Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (сала 25 мај) ќе се изведе театарската претстава „Кожурец“, во продукција на независното здружение „Артопија“.
Настанот ќе бидат организирано согласно протоколот за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е ограничен, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.
Билетите по цена од 300 денари се достани на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk
Работена според вистинска приказна, претставата „Кожурец“ го отвара просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на деца. Претставата претставува своевиден емотивен пејсаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес.
Текст и драматургија: Билјана Радиноска и Верица Недеска
Играат: Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска, Наташа Петровиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.