Стручниот совет на Танц Фест Скопје на кореографката и танчерка Матеа Киселичка и ја додели престижната награда  Менада за млад уметник 2021, соопшти Танц Фест.

Наградата „Менада за млад уметник“ е престижна награда за годишни остварувања во областа на танцовата уметност која се доделува со цел да го промовира современиот танц, како и танцовата уметност во целост, во насока на поттик и унапредување на развојот на младите уметници, но и нивен пласман на интернационалната сцена.

Првата „Менда за млад уметник“ беше доделена на јубилејното, петнаесетто издание на фестивалот Танц Фест во април, 2019 година.

Киселичка во моментов работи како универзитетски професор по современ танц на Универзитетот за музика „Зеџијанг“ во Ханџо, Кина, каде во 2019 ги создава кореографските дела „Убаво што ме запозна“, претставено на 12-та престижна танцова изложба за танцова едукација, “TAOLI Cup” и “JAE – Just About Everyone”, претставено Кина – Централни и Источни Европски земји, фестивал за музика и танц, Конзерваториум за музика „Зеџијанг“, Ханџо. Во 2020, извонредната “JAE – Just About Everyone” се изведува и на танцовиот фестивал за креативни изведбени достигнувања, Конзерваториум за музика „Зеџијанг“, Ханџо. Најново нешто во нејзиниот творечки опус се кореографските сегменти во операта „Магичната флејта“ – В. А. Моцарт, при Конзерваториумот за музика „Зеџијанг“, Ханцо.
Во 2010 година запишува додипломски студии на Скопје Танцовата Академија при Универзитетот ЕСРА, Скопје, каде изучува современ танц во класата на професор д-р Рисима Рисимкин и станува дел од првата генерација на современи танчери во Македонија. Била дел од повеќе танцови продукции и турнеи, но бележи и бројни самостојни проекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.