„Куќата што ја изгради Џек“, најновото филмско остварување на Ларс фон Трир кое ја подели публиката на последното издание на Канскиот филмски фестивал, конечно доаѓа во македонските киносали. Оваа контроверзната криминалистичка драма/ хорор македонската публика ќе има можност да ја види од 21 февруари во дистрибуција на „КТ Филм и Медиа“ од Битола.
Трилер-хоророт со Мет Дилон, Ума Турман и Бруно Ганц, зачинет со црниот хумор на Вон Трир, го следи убиствениот поход на сериски убиец низ неколку децении. Во него се прикажува интелигентниот Џек во временски период од 12 години и неговите убиствата што го дефинираат неговиот развој како сериски убиец во 1970-тите во САД. Приказната се доживува од гледна точка на Џек, додека тој ни го пренесува секое убиство како уметничко дело само по себе. Како што се ближи неизбежната полициска интервенција, тој зема се поголеми ризици во неговиот обид да го создаде врвното уметничко дело.
“Куќата што ја изгради Џек” е мрачна и зла приказна, која е пренесена преку една филозофска и повремено хумористична приказна.
Премиерната проекција на филмот беше на годинашниот Филмски фестивал во Кан каде данскиот режисер се врати по неговото прогласување за непожелен во 2011, откако на прес конференција се шегуваше дека е симпатизер на нацистите. Фон Трир најави дека ова ќе биде неговиот најнасилен филм досега, а тоа се потврди и со масовното заминување на публиката од салата. За волја на вистината, оние што успеале да останат до крајот на двоиполчасовната проекција на крај го поздравиле со десетминутни стоечки овации.
Филмот имаше фестивалска премиера во ноември во Скопје, во рамките на Гала-програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.