Книгите што конкурираат за наградата „Роман на годината“ за 2019-та ќе се примаат заклучно до утре до 19 часот во читалницата „Славко Јаневски“ (во кулата до гимназијата „Јосип Броз Тито“), соопшти Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Романите во пет примероци може да бидат пратени и по пошта, на адреса на Фондацијата: бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 19/6-40, Скопје.

Жири-комисијата треба да го соопшти името на годинашниот лауреат најдоцна до 15 март, а свеченото врачување на наградата ќе биде во првата половина на април.

Наградата „Роман на годината“ годинава ќе биде доделена по 21-ви пат. Таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.