Вечерва, 02.07.2021 (петок) со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба ќе се одржи концерт насловен „Шопен, поетот на музиката – музички бисери за пијано“. Изведувачи се Даница Стојанова – пијано, Нита Груби, Бобан Мирковски, Сара Кесковска, к.г. – пијано.
Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници. Истите ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на објектот по фестивалска цена од 200 денари, информираат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.