Поради временските неприлики и врнежите кои се очекуваат и во вечерните часови, концертот на Озџан Улуџан (виолина) и Бирсен Улуџан (пијано) од Турција кој вечерва во рамките на фестивалската програма на Охридско лето требаше да се одржи во Предворјето на црквата „Св.Софија“ се префрла во црквата „Света Софија“.

Според дозволата и насоките добиени од Комисијата за заразни болести, Протоколот за вечерашниот концерт предвидува гледалиште од 30 места согласно просторот за раздалеченост од 2 мерти, како и строго почитување на сите мерки за заштита, носење маска, дезинфекција на раце и одржување на социјална дистанца за време на влез и излез од црквата. Исто така препораките добиени од Комисијата за заразни болести предвидуваат концертот на турските уметници да се одржи со отворени врати на црквата „Света Софија“.

Почетокот на концертот е 21 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.