Роденденскиот концерт „Убава Русија“ на Филхармонија наместо во четврток, ќе се одржи в петок, во 20 часот, поради триднавната жалост во Македонија.

В петок, во 20 часот оркестарот на Филхармонија ќе прослави 77 години од формирањето. На концертот насловен „Убава Русија“ како солистка ќе настапи брилијантната руска виолинистка Марија Солозобова, а диригент е Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Концертот за виолина и оркестар број 1 од П.И.Чајковски и Брамсовата Прва Симфонија. Овој концерт на Филхармонија е во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.