Вечерва, (03.07.2019), среда, ќе се одржи концерт „Квази Бурлеска“ за пијано и инструментален состав, со почеток во 21:30 часот во паркот „Ибни Пајко“.

 Mузика: Ана Пандевска

Солист: Дуња Иванова – пијано

Инструментален состав „Светлост“:

Нинослав Спировски: кларинетсопран саксофон, тенор саксофон

Кристијан Новковски: тапаниудиралки,

Дени Омерагиќконтрабас, бас гитараелектроника

Концертот за пијано и инструментален состав “Квази бурлеска“од македонската композиторка Ана Пандевска претставува оригинална авторска партитура наменета за соло пијано во придружба на бенд во состав: електрична гитара, бас гитара, кларинет, контрабас, ударалки, тапани, кларинет, саксофон, и електроника.

Инспирирана од музиката на култниот Запа, Пандевска создава исклучително сериозна музичка форма во класичен манир од три става (брз – бавен – брз).  Изразот е еклектичен, со силен емотивен набој, сериозни музичко-технички предизвици за изведувачите со солистички каденци и единствени кулминативни точки.

Концептуалниот континуитет на “Квази бурлеска“ја следи тематиката фундирана во првиот став, нејзината контрастна експресија во средишниот и финалето како огледало на раскршувањето на целината. Со исклучителни музички структури кои нудат комбинација помеѓу рокенрол стандардите, експрименталната музика и импровизацијата, “Квази бурлеска“претставува уникатна музика произведена на домашно тло.

Квази бурлеска“претставува прво дело со класична форма на Концерт за пијано и инструментален состав создадено од македонски музички автор. Неговата исклучителна и богата содржина вткаена низ партитурата пренесува различни и силни емоции, како одблесок на секојдневниот живот на човекот па оттаму и несоменено ќе предизвика голем интерес кај публиката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.