На барање на публиката, Македонската филхармонија вечер од 19 часот повторно ќе го изведе концертот за деца и за возрасни „Со Дизни низ светот“.
Ќе биде изведена музика од најубавите цртани филмови продуцирани од популарната компанија „Дизни“, меѓу кои од „Кралот лав“, „Мулан“, „Фроузен“, „Покахонтас“, „Малата сирена“, „Убавицата и ѕверот“…
Филхармонијата информира дека концертот е соодветен за деца над шест години. Оркестарот ќе го води диригентот Тимоти Редмонд од Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.