На 8 октомври со почеток во 19 часот во Музејот на македонската борба ќе се одржи електроакустичен концерт со премиерна изведба на музика од композиторката Ана Пандевска, а во изведба на флејтистката и вокал Билјана Камчева.
Музиката е создадена во текот на 2021 година и содржи четири композиции со наслови: „Perseid meteor rain“, „Dystopian illusion“, „Seeking Peace“, „Butterfly Effect“.
Билјана Камчева е редок пример на млад музичар активен со два профили на изведба, како флејтистка и соло пејачка. Активно настапува на концерти на фестивалите „Есенски музички свечености“ ДMM; „Охридско лето“; „Скопско лето“; како солист со Македонска Филхармонија; МОБ (2008, 2014, 2016) со камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“; со Симфонискиот оркестар на ФМУ – Скопје, била дел од оркестарот F.A.M.E.’s-Film and music recording company како и од Ревискиот Оркестар при Македонската Телевизија. Камчева е вработена на позицијата хорист во Националната опера и балет, член е на Дувачкиот Оркестар на град Скопје како прва флејта и е член е на Хорот „Св. Климент Охридски“ при Соборниот храм во Скопје.
Ана Пандевска е родена 1985 година во Скопје. Во март 2021 нејзината композиција Електроакутична симфониска поема “Скопје“ ја доживеа премиерната изведба со оркестарот на Македонската филхармонија и диригентот Тимоти Редмонд. Во 2021 СОКОМ го издаде нејзиното прво авторско ЦД. Автор е на солистички,камерни и оркестарски композиции. Изведувана е редовно во земјата и странство.
Концертот е дел од годишната програма на Министерство за култура за 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.