Ја започнуваме новата концертна сезона со концерт на ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот на кој нашите членови премиерно ќе изведат авторски дела од џез великанот, професор, диригент, пијанист и композитор, Илија Пејовски. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин, информираа на својата фејсбук страница ЗЏМ.
Концертот ќе се одржи на 12 јуни во Македонската Филхармонија, со почеток од 20:30 часот. Влезниците со цена од 300 денари ќе може да се набават во претпродажба на билетарата на Филхармонија. Слушајте македонска џез музика!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.