Во Музејот на македонската борба, в четврток, (31 октомври) со почеток во 20 часот ќе се одржи КОНЦЕРТ НА ТРИО АУРА. Триото го сочинуваат : Страшо Темков – флејта, Марјан Милошевски – фагот, Ана Гацева – пијано. Темков, Гацева и Милошевски работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија за кои добиваат позитивни оценки. Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти во својата земја и во странство, тие несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија.

Триото АУРА има долгогодишна и богата концертна активност, изведувајќи дела од сите музички епохи и стилови. Триото често промовира премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за овој состав. Нивното заедничко камерно музицирање го карактеризира изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот.

Пред концертот, Сојузот на музичките уметници ќе ја додели наградата „Златна лира“ која традиционално секоја година за успешна работа во годината претходно, како и за животно дело. Оваа година, „Златна лира“ ќе добијат баритонот Горан Начевски (за особени достигнување во 2018 година) и контрабасистот Велко Тодевски за животно дело.

Влезот е слободен за посетителите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.