Еден од најдобрите македонски џез-гитаристи, Тони Китановски, вечерва, на 15 август, во магичниот простор на Куршумли-ан, во Старата скопска чаршија, со почеток во 20 часот ќе одржи концерт.

На сцената ќе го придружуваат извонредните музичари Асан Рашид, Абас Јахјаи, Владимир Крстев, Техамана Лазар, Ајдин Јахјаи и Виктор Филиповски. Според организаторите, тоа ќе биде фузија на ворлд мјузик со џез-елементи, изведена од врвни мајстори на музичката сцена, вистинско музичко освежување во скопските летни горештини.

Концертот се одржува во рамките на одбележувањето 30 години македонска независност. Влезниците се во ограничен број, заради почитување на ковид-протоколите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.