На 1 декември со почеток во 20 часот во концертната сала на Националната филхармонија светски познатиот хор на Националната кинеска опера ќе одржи гала-концерт. Хорот ќе настапи во придружба на пијанистката од Швајцарија, Џао Мелодие, под диригентската палка на Џао Јуан и Џоу Хаоју.

Настанот, со наслов „Кина се сретнува со Западот“, се организира по повод Четвртиот министерски форум за културна соработка на НР Кина со земјите од ЦИЕ (17+1), чиј домаќин беше нашата земја.

Гала-концертот е во организација на Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија и Координативниот центар за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.