Во МКЦ вечерва ќе се одржи концерт на „Раш ту релакс“ (Rush to Relax), овој пат со четворочлена гитарска постава – Дамјан (вокал, гитара) и тројца музички фанатици од љубљанската инди сцена – Јан Цизеј (morvern) на бас гитара, Ерик Керпан (Long Dumb Voices) на гитара и Васја Онич (ujma) на тапани.
Како што информраат од МКЦ, енергичните соло настапи сега се надградени во целосен бендовски израз.
Бендот ќе го заврши летото 2021 со кратка балканска турнеја од Пелистер до Триглав во склоп на која ќе настапат и во МКЦ. Во живо очекувајте и неколку нови песни кои ќе се најдат на следниот албум, кој ќе излезе во текот на следната година – најавуваат од МКЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.