Во црквата „Св. Софија“ во Охрид вечерва во 21 часот концерт ќе одржи пијанистот Дарко Костовски. Концертот се одржува во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Костовски е роден во 1978 година во Скопје и првите знаења од областа на пијаното ги добива од професорите Аида Ислам, Марија Писинова и Борис Романов во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“. На 15 години примен е како најмлад студент на Музичката академија во Келн во класата на проф. Арбо Валдма, каде се стекнува со највисок степен на образование и почести Cum Lauda како концертен пијанист во 2014 година. Се усовршува на мајсторски курсеви со Александар Лонквич, Павел Гилилов, Паоло Џакомети, Хенри Сигфридсон, Рита Кинка, Кемал Гекиќ, Евгени Корољов и Ѓерги Куртаг. Носител е на награди од повеќе меѓународни натпревари меѓу кои прва награда на натпреварот во Таранто (Италија), награда „Јамаха“ во Вајмар (Германија) и трета награда на натпреварот во Усти над Лабем (Чеш

Како солист Дарко Костовски концертира во многу земји вклучувајќи ги: Франција, Австрија, Италија, Белгија, Естонија, Финска, Египет и Германија. Гостин е на бројни национални и интернационални фестивали како: „Клангбоген“ во Виена, „Охридско лето“, „Скопско лето“ , „Експо“, „Еурегио“ и „Бетовен фестивал Бон“ во Германија, а настапува и во филхармониските сали во Келн и во Бон, палатата Версај во Париз, домот на Франц Шуберт во Виена, поранешниот Бундестаг во Бон, операта во Каиро и на Експо2000 во Хановер. Настапува со оркестрите на Музичката младина на Македонија, Камерниот оркестар на МРТВ, Загребски солисти итн. Неговиот ентузијазам за камерна музика го преточува во камерното дуо „Дали“ заедно со виолинистката Лиза Марија Шуман. Остварува бројни снимки за МРТВ како и за Радио Берлин Бранденбург.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.