Вечерва во 21,30 часот во Куршумли ан е закажан концертот на вокалистот, композитор и гитарист Крсте Роџевски, кој живее во Њујорк. Со концертот ќе почне одбележувањето 30 години од постоењето на музичкото радио – Канал 103. Концертот е веќе распродаден.
Овој настап на Роџевски, кој своите почетоци ги бележи во 90-тите во Битола, заедно со група музичари од која подоцна ќе произлезат ‘Фолтин’ и ‘Љубојна’, е најавен како своевидна акустична прошетка низ најинтересните ќошиња од неговите четири њујоршки албуми што ја заинтригираа светската не само џез критика и публика: „Batania“ (2015), „Bitter Almonds“ (2017), „The Rabbit And the Fallen Sycamore“ (2018) и „Hubris“ (2020).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.