Хрватскиот ансамбл Трио Јонген вечер ќе настапи во Музеј на македонска борба, како дел од програмата на 42. издание на Скопско лето. Изведувачи на концертот се Рената Пенезиќ на флејта, Жарко Перишиќ на фагот и Марина Матолиќ на пијано.
Триото е единствениот ансамбл на овие простори кој го негува транспарентното филигранско разиграно свирење музика во вистинскиот дух на француската школа за дувачки инструменти. Виртуози на своите инструменти, солисти во оркестри и професори на Музичката академија во Загреб ги соединија вештините и љубовта кон заемното свирење музика со цел да ѝ го претстават на публиката овој интересен спој на инструментите и боите, соопштија организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.