На 26 јули, во Градски парк во Скопје во 21 часот е закажан концертот „Филхармонија на отворено“.
Ќе биде изведена музиката на култниот македонски бенд „Архангел“ во автентична оркестрација на Џијан Емин, кој воедно е и диригентот на концертот.
Исклучителна можност да се чујат безвременските песни на еден од најзначајните македонски бендови во изведба на Филхармонија и фронтменот на „Архангел“ – Ристо Вртев!, најавуваат од Филхармонија.
Концертот традиционално се реализира во соработка со Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.