Дувачкиот квинтет на Ансамблот за современа музика „КонТемпора“ вечер од 20 часот ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба, на кој ќе гостува пијанистката Огненка Герасимовска-Димитровска.

Квинтетот ќе настапи во состав: Златка Митева – флејта, Владимир Лазаревски – обоа, Игор Иванов – кларинет, Горан Јанев – хорна и Марјан Милошевски – фагот.

На програмата се камерни дела од македонските автори Љубомир Бранѓолица, Стојан Стојков, Валентина Велковска-Трајановска и Вулнет Таири, од бугарскиот композитор Марин Големинов, а посебен акцент во програмата е ставен на грчката композиторка Георгиа Калодики од чиешто творештво квинтетот ќе изведе три композиции.

Концертoт е дел од проектот на Сојузот на композиторите – СОКОМ насловен „Европски и балкански музички мисли“ и е поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Град Скопје и Министерството за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.