Вечерва, (29.07.2019, понеделник), ќе се одржи концерт „Разновидна екстраваганција во музичката кошница“ на Божена Корчинска – украинска надолжна флејта и Богдан Кожушко – хармоника – Лавов, Украина, со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба.
Влезот е слободен. Концертот е во соработка со Амбасадата на Украина.
Божена Корчинска и Богдан Кожушко ќе претстават несекојдневна програма, насловена како „Разновидна екстраваганција во музичката кошница“, и редок инструментален состав –украинската надолжна флејта и хармоника. Страсниот ентузијазам на музичарите за малку познатите ремек – дела од жанрот на музичките минијатури, виртуозната музика за флејта и свежиот звук на барокните хитови на хармониката ќе им овозможи на слушателите да преживеат многу емоционални и интелектуални изненадувања.
Програмата хармонично ги обединува во себе делата на древните епохи и музиката на XX век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.