На програмата на „Скопско лето“ вечерва е концертот на Бојан Булаиќ, контратенор и Драгана Димиќ, пијано од Србија. Концертот ќе се одржи во Музеј на македонската борба во 20.30 часот, а на програмата се: Р. Хан – A Chloris Х.Вила Лобос – Melodia sentimental Л. Фере – Colloque sentimental Ф.Пуланк – Nocturno “Bal Phantom” (пијано соло) В.Ѓорѓевиќ – Шано душо В.Ѓорѓевиќ – Џанум на сред село В.Ѓорѓевиќ – Марије бела С. Рахмањинов – Сред шумскиот бал Н. Римски – Корсаков – Не ветер, вея с высоты И.Бајиќ – Чекање (пијано соло) И.Жебљан – Невестинска песна И.Жебљан – Арнолфова песна К.Бабиќ – Шашава песна
Бојан Булатовиќ го завршува основното и средното музичко училиште во “Коста Манојловиќ” – Земун, во отсекот за пијано кај професорот Тања Јаблановиќ. Паралелно со отсекот за пијано, завршува и соло пеење во класата на професорот мр Марина Трајковиќ Биџовски. Во 2005 година се запишува на Филолошко – уметничкиот факултет во Крагуевац, отсек соло пеење и дипломира 2009 година. Добитник е на стипендија од фондацијата “Davis Peace Project” од Њујорк за мајсторски курс во Шарошпоток, како еден од двајца стипендисти од Србија. Има настапувано како солист со хоровите Лицеум, Cantates, Црковно пејачко друштво Острог, Ars vocalis во Лисабон (Португалија), Мадрид, Барселона, Жирона (Шпанија), Монако, Монте Карло, Ница (Франција), Милано, Бергамо, Трст (Италија), Љубљана (Словенија), Брно, Прага (Чешка), Краснојарск (Русија), Пуебла, Cuauthinchan (Мексико)… Исто така, како солист има настапено на музичкиот фестивал „БЕМУС“ во Белград, „НИМУС“ во Ниш, „Мокрањчеви дани“ во Неготин, „ОКТОХ“ во Крагуевац, како и во многу други градови во Србија (Суботица, Нови Сад, Зрењанин, Кула, Пирот, Краљево, Врњачка Бања…) Оваа година ги сними трајните записи на Хенделовата опера „Орландо“ под водство на маестро Госте и светски познатата контра алтистка Маријана Мијановиќ, како и 7 кантата на Дитрих Букстехуде – “Membra Jesu nostri“. Во периодот септември – октомври 2018 има настапено на два солистички концерти во Виена во црквата Св.Петар и во Париз во Српскиот културен центар, како и солистички настап на “Денови на српската култура” во соработка со оперската примадона Оливера Миљаковиќ. Февруари 2019 дебитира во Монтевердиевата опера „Крунисувањето на Попеја“ со улогата Арналт, која е изведена во Народниот театар во Белград. Од 2007 година, работи како професор по соло пеење во музичкото училиште „д-р Милоје Милојевиќ“ во Крагујевац.
Драгана Димиќ нижото и средното музичко образование го завршува во музичкото училиште “Д-р. Милоје Милојевиќ” во Крагуевац во класата на професорката Наталија Томиќ. Една година учела во класата на истакнатата пијанистка и професорка Валерија Сигаљевиќ. На 15 години се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје како најмлад студент, во класата на професорката Јасмина Чакар. Како најуспешна студентка во класата на одделот за пијано, два пати настапува со симфонискиот оркестар во Скопје. Два пати во соработка со диригентот Фимчо Муратовски, го изведува Бетовеновиот клавирски концерт бр.3 во це-мол и Шумановиот концерт во а-мол. Како солист има настапено и на музичкиот фестивал “Охридско лето” (Црква Св.Софија). Од 1990 год. започнува со работа како педагог во музичкото училиште “Д-р. Милоје Милојевиќ”, каде остварува исклучителни педагошки резултати поради кои неколку пати е повикана како член на жири на натпревари по пијано. Настапува како солист и член на клавирското ВД дуо, а соработувала и со голем број реноминирани уметници. Има настапувано во сите референтни концертни сали во Србија – Нови Сад, Крагуевац, Краљево, Арангеловац, Крушевац, Белград – АРТГЕТ галерија, СКЦ, САНУ, Собрание на град Белград. 2018 год.со контратенорот Бојан Булатовиќ има одржано два концерта во Виена и еден концерт во Културниот Центар на Србија во Париз. Во текот на 2014 и 2015 година бележи низ на солистички концерти под наслов „Подарок на клавирот на српски композитори”. Ангажирана е како член на жири на Интернационалниот фестивал DONNE IN MUSICA 2014, 2015 и 2016 година. Во рамки на педагошките активности на ФИЛУМ, остварува значајни резултати со студентите со кои освојува бројни први награди како и наградата ЛАУРЕАТ на Меѓународниот натпревар покомплементарно пијано во Ниш 2013 год. и 11 Интернационален фестивал во Крагуевац. На филолошки-уметничкиот факултет во Крагуевац е вработена како вонреден професор на катедрата по пијано
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.