Во Фоајето на Националната опера и балет во 20, 30 часот, вечерва, 22 јули е концертот на Анастасија Холц – сопран  од Србија и Билјана Петровска во пијано придружба. Концертот е во рамки на програмата на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2021.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе се регулира со билети по цена од 200 денари кои ќе може да се купат пред почетокот на концертот на влезот на Националната опера и балет.

Анастасија Холц е родена е 1990 година во Белград. Има завршено основни, мастер и специјалистички студии за клавир, како и основни, мастер и специјалистички студии за соло пеење и специјализација за камерна музика (на отсекот за соло пеење) на Универзитетите во Белград и ФИЛУМ во Крагујевац, Институт за култура во Москва. На отсекот за соло пеење, основни студии има завршено на два универзитета, во Белград и во Крагујевац паралелно. На Ликовната академија била Студент на генерацијата (клавирски отсек) каде има завршено забрзани студии по предлог на Министерството. Докторант е на Академијата за уметности во Нови Сад, во класата на проф. д-р Милица Стојадиновиќ со просечна оценка 10,00 на Катедрата за соло пеење. Има студирано на Правниот факултет на Универзитетот во Белград на правна и деловна насока како најмлад запишан студент во генерацијата.

Билјана Петровска е активен музички ументик на македонската музичка сцена. Образованието го стекнува во Скопје. Средно музичко образование завршува два отсека инстументален осек- пијано во класа на проф. Рита Поповиќ и наставно теоретски во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј, дипломира (1997) и магистрира (интерпретација на пијано 2002) во класа на Евушка Елезовиќ- Трпкова на ФМУ – Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.