Во 21 часот, во Галерија МКЦ, ќе се одржи концертна промоција на албумот „(Waiting at the) Turnstiles“ од Avadarxi Quartet. Овој концерт ќе биде единствена прилика да се чуе музиката во живо и ќе биде со ограничен капацитет. Нинослав Спировски (кларинет / сопран и тенор саксофон), Јордан Костов (хармоника), Дамјан Грујо (тапани / удиралки), Дени Омерагиќ (контрабас / електроника).

Aлбумот „(Waiting at the) Turnstiles“ претставува запис на еден спонтан композиторско-импровизаторски процес, кој звучно се наоѓа на тромеѓето на креативниот џез, современата класична музика и амбиенталната бучава. Снимката е направена на 11 јануари 2019, во сала „Фросина“, од страна на искусниот тонски снимател Ален Хаџи-Стефанов, кој успешно ги доловува сите тонски суптилности како на инструментите така и на собата каде што се снимени, со што овој албум покрај музичкото, нуди и едно поинакво звучно-акустичко искуство. Албумот ќе биде достапен за преслушување и купување преку Bandcamp платформата на King Gong, oд 1 март.

Avadarxi Quartet е група формирана во 2019 година, како своевидно продолжение на истоимениот ансамбл. За разлика од Avadarxi Ensemble, кој беше посветен на изведување композиции од авторскиот опус на Јордан Костов, музиката на квартетот се состои во најголем дел од слободно импровизирана атематска или монотематска музика. Составена е од искусни музичари, кои зад себе имаат преку 30 албумски изданија со артисти како Fighting Windmills, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Molokai, Баклава, Ensemble Moderne, Avadarxi Ensemble, Andreas Günther, Peter van de Loht, Roman Stoylar…

Билетите по симболична цена од 100 денари ќе може да се набават од билетарницата во МКЦ на денот на настанот. Поради специфичоста на просторот истите се во исклучително ограничена количина.

Исто така во 21 часот во Џебно кино во МКЦ ќе се одигра претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“.

Да го поздравиш и да ми го бациш е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.
Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.
Каков треба да биде тетатарот денес? Кое е неговото место во опшетството? Кое е местото на младинците во општетсвото во кое живееме? Претставата зборува и за: емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.

Играат :
Бојан Кирковски
Наташа Петровиќ
Ненад Митевски
Симона Спировска Костовска

Режија: Билјана Радиноска

Претставата не е наменета за лица под 16 години!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.