И после 4 годишната агонија со некомпетентни министри за култура, се појави мала надеж дека актуелната министерка Стефоска, можеби ќе внесе малку свежина и цврста рака во секторот култура. Но, надежта набргу згасна. Доцнењето на плати, агонијата со колективниот договор и неговото лошо спроведување, неизвесност во културните институции за време на пандемијата, скандалите со УНЕСКО, фалсификатите, но и поставувањето на партиски фискултурни директори само потврдија работата оди на полошо и дека конечно мора да се слушне силниот глас на огромниот број на уметници и здрженија од културата кои јасно кажуваат: Е доста е! – велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Тие посочуваат дека Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на актерите од Струмичкиот театар и иницијативата „Фис-култура или култура“ и апелираатдо сите културни работници, да се огласат и за сите други вакви незаконитости во останатите институции.
Апелираме да се потсетат на скандалозниот Предлог-закон за остварување на јавниот интерес во културата кој е во собраниска процедура, во кој јасно стои намерата дека сите овие скандали се само најава за она што следува понатаму. Со овој Предлог-закон само ќе се даде легитимитет на кримналните политики на СДСМ во културата. Културата во Македонија мора да ја водат единствено работниците од културата – велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.