Денеска ќе се одржи проекција на филмот „Лиза – лисицата самовила“ (LIZA, a rókatündér) (2015), Унгарија, со почеток во 21 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

Станува бор за фантастична романтична комедија во траење од 98 минути, во режија на Карој Уј Месарош, а улогите ги играат Моника Балшаи, Саболч Беде Фазекаш, Давид Сакураи.

Филмот има добиено две награди на Филмскиот фестивал за фантазија во Брисел, најдобар филм и специјални ефекти на Фантаспорто, 5 награди на Унгарската филмска недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.