Филхармонија в четврток во 20 часот ќе го одржи својот роденденски концерт насловен „Колаж“ на кој како солист ќе настапи руската виолончелистка Анастасија Кобекина, а диригент е маестро Габриел Бебешелеа од Романија.
На програмата се Концертот за виолончело и оркестар бр.1 во а-мол, оп.33 од Камиј Сен -Санс и Симфонија бр.1 во Це-дур, оп.19 од Карл Марија Вебер.Концертот е во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“.
Анастасија Кобекина (1994) својот прв час по виолончело го имала на четири години. Во 2006 година таа почнува да учи чело во класата на Олга Галокина на Московскиот конзерваториум.
Вниманието на руската јавност го привлекува кога ја добива првата награда на ТВ натпреварот „Оревокршачка“ и „Нови имиња“ во Москва. Во 2008 година е финалист на Евровизискиот натпревар на млади музичари во Виена. Во 2010 година ја добива наградата „Хесе“ која вклучува и мастер клас со Дејвид Герингас во Кронберг. Во 2012 година ја добива стипендијата „Борис Пергаменшиков“ за мастер клас на академијата во Кроберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.