Актерот Сашко Коцев пред празните столчиња од Македонскиот народен театар испрати потсетување за годишнината на националниот театар.

76 години МНТ.
За жал, сега само носталгија за преполно гледалиште и силно осветлена сцена – нашата животна арена, порача Коцев.

Од 18 март, кога во Македонија беше воведена вонредна состојба поради ковид-19 останаа вратите на Македонскиот народен театар останаа затворени. Откако Владата дозволи, а театрите изработија протоколи за работа во услови на пандемија, во октомври МНТ пак почна да работи. На големата сцена на театарот се играа претставите кои претходно беа на малата сцена – „Говорна мана“, „Кец на десетка“, „Брачна игра“. Но, во ноември и декември, репертоарот на МНТ повторно остана празен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.