На осми март (петок) 2019 година, во Mултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, ќе се одржи книжевно пладне посветено на големиот унгарски поет Балинт Балаши. За делото на авторот ќе говорат писателот Раде Силјан и д-р Ласло Дукс,амбасадор на Унгарија во нашата држава.
Во рамките на чествувањето на класикот на унгарската поезија, на современиот македонски писател и преведувач Паскал Гилевски ќе му биде врачена наградата „Балинт Балаши“,што секоја година ја доделува Институтот за литература од Будимпешта на заслужни дејци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.