На 18 април 2019 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје ќе се одржи Книжевно пладне со писателот Трајче Кацаров.
На средбата ќе биде промовиран неговиот роман за деца „Не паркирај, гаража“ – добитник на наградата за литература за деца „Ванчо Николески“ на ДПМ за 2018 година. Романот ќе го промовираат Мито Сапасевски и Христо Петревски а извадоци од награденото дело ќе читаат ученици од ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје.
Промоцијата ќе се одржи во Спомен-собата на Миладиновци, со почеток во 12.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.