Во понеделник, (02.12.2019), со почеток во 12 часот, во Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи книжевен настан посветен на творештвото на македонските жени-писателки, со следната содржина:

Доделување на плакетата „Даница Ручигај“ за 2019 година на Марина Мијаковска за збирката „Коскена“, со критички осврт на Славица Дабевска Ќировска

Димитар Пандев: Женскиот поетски стимул во македонскиот XIX век

Весна Мојсова-Чепишевска: Првите дами на модерната македонска поезија

Милица Димитријовска-Радевска: Традиција и иновации во женското писмо во XXI век

Поетски рецитал на авторките од Битолскиот книжевен круг:
Елизабета Јончиќ, Весна Мундишевска-Велјановска, Даниела Андоновска-Трајковска, Гордана Стојаноска и Милица Димитријовска-Радевска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.