Книгата „Разбуди го родителот во себе: како родителството да стане уживање“ од проф. Соња Китановска-Кимовска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана онлајн, на 4 ноември (четврток), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот ќе го води Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во „Арс Ламина“, а покрај авторката Китановска-Кимовска, за книгата ќе зборуваат и проф. д-р Олга Мурџева-Шкариќ и проф. д-р Сашо Кочанковски. Промоцијата ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“.
За тоа дека станува збор за книга што треба да ја прочита секој родител зборуваат и многуте препораки и анализи на повеќе стручни лица, професори, психолози и педагози.
Силно емотивно, практично потврдено, применливо, разбирливо и интелектуално достапно четиво не само како прирачник за секојдневна практика во меѓусебната комуникација родител – дете туку и за широк аудиториум од воспитувачи, наставници, специјализирани и стручни и нестручни лица во темата. Со надеж дека во ова време на социјална дистанца и меѓусебно отуѓување четивото ќе го пронајде патот до срцата на најшироката јавност, најтопло го препорачувам како неопходно потребно и особено полезно, како во процесот на учењето на родителството, така и во секојдневната општа комуникација“, вели Зорица Ангеловска, психолог, лиценциран стручен работник, лиценциран воспитувач во пензија, обучувач за практична примена на вештини за комуникација на родители, воспитувачи и наставници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.