Книгата на екс премиерот Никола Груевски „Искуства за иднината“ започна со продажба и онлајн на познатиот веб сајт „Амазон прајм“. Книгата која својата промоција ја доживеа пред нешто повеќе од година дена на саемот за книги во Скопје каде беше веднаш распродадена сега ќе допре до читателите од светот.

На „Амазон“ се продава англиската верзија која го носи истиот наслов, а темата на истата е економијата и искуствата на Груевски во справувањето со светската економска криза како премиер.

Книгата ,,Искуства за иднината“ е всушност мојот докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Ки­рил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија. Овој докторски труд го одбранив пред петчлена комисија на профе­сори: проф. д-р Методија Несторовски како претседател на комисијата, ина­ку мој ментор во времето кога го подготвував и одбранив магистерски­от труд, проф. д-р Михаил Петковски, ментор на овој докторски труд и рецензент на книгата, проф. д-р Живко Атанасовски, кој е исто така рецен­зент на оваа книга, проф. д-р Љубе Трпески и проф. д-р Владимир Фи­липовски. На сите им благодарам за поддршката, професионалниот однос и за соработка­та, пишува авторот во предговорот на книгата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.