Утре, во 20 часот, во кафе и филм „Котур“, во организација на „Маргини“, ќе се одржи отворање на изложба на фотографии насловена „Девојките од Скопје“ на фотографката Лепа Георгиевска. Станува збор за прва изложба на фотографии од трансродови девојки од Македонија.
Лепа Георгиевска е портретна и модна фотографка, фасцинирана од брилијантноста на човековата индивидуалност и уметноста на изведувањето. Во последните години Лепа има живеено и работено во Милано, Лондон и во Сингапур.
„Девојките од Скопје“ е нејзин втор уметнички проект, кој вклучува портрети од трансжени, по „Убавиците на Бангкок“, со кој се има претставено во Бангкок и Милано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.