Откако пратеникот Антонио Милошоски откри дека дел од настапувачите на манифестацијата „Звуци на чаршијата“ зеле околу 20 илјади евра, без притоа пресметан ДДВ, а потоа повика на оставка од директорката Култутно-информативниот центар Сермине Пурини од ДУИ, таа му возврати на „Фејсбук“ дека ова е 13-то издание на „Звуците на чаршијата“ и дека како и сите претходни изданија, ги помина сите процедури во Градот Скопје и Министерството за култура.
Проектот, односно изборот на програмата е производ на идеи и анализи на стручните лица во КИЦ и проценка на релевантните комисии во институциите што ги споменав погоре. Буџетските средства распределени од нив не се трошат врз основа на желбите на директорот на установата. Барем не во КИЦ.
Добро е како пратеник, пред да напишете, треба да бидете информирани за сите настани и уметници кои се дел од мултимедијалната и мултикултурна манифестација на „Звуците на Чаршијата“, за да не губите време да давате идеи за активности што традиционално веќе 13 години се дел од нашата манифестација.
Од вашето пишување уште еднаш сфативме колку малку знаете за вашите сограѓани. Овој пат ни докажавте дека немате информации за износот на хонорарите на звездите што тие ги претпочитуват. За коректност, хонорарот е за целиот тим, а не само за Елвана Ѓата.
Истотака, јас само што започнав со плановите за манифестацијата „Звуците на Чаршијата 2020 година“. Се надевам дека нема да го процените како „луксуз“ ако идната година на плоштадот ќе интерпретираат Бебе Реџа, Рита Ора или Дуа Липа, напиша Пурине на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.