Писателот за деца и млади Киро Донев е годинашен добитник на меѓународната награда „Големиот принц“ доделена од издавачката куќа „Феникс“ од Скопје. Донев наградата ја добива за својот богат и содржаен книжевен опус.

На Донев наградата ќе му биде врачена на Првиот меѓународен фестивал за деца и млади „Биди дете“, кој ќе се одржи од 8 до 12 -ти мај за време на одржувањето на Меѓународниот саем на книгата во Скопје. Инаку, годинава Донев прославува 75 години од својот живот и 50 години од своето творештво.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.