По повод 57 годишнината од скопскиот земјотрес, Кинотеката на Македонија и Македонскиот центар за фотографија в недела, на 26 јули во 21 часот премиерно ќе прикажат на два документарни филма: „Првата светска војна, сеќавања” (WW1 REMEMBERING) на авторот Роберт Јанкулоски и „Преживеани спомени” (Surviving Memories) на авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска.
На проекцијата ќе се обрати амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Зутер Техада.
„Првата светска војна, сеќавања” е посветен на македонскиот фронт и на жртвите од Првата светска војна. Филмот е сниман во Македонија, Србија и Швајцарија а финансиски е поддржан од амбасадата на Швајцарија во Македонија.
Филмот „Преживеани спомени” е дел од проектот „Фотографијата сведок или жртва” реализиран од страна на МЦФ во 2014 година во кој осум наши сограѓани, евоцираат спомени како го преживеале земјотресот од 1963 година и што е она што засекогаш ќе го паметат од тоа летно утро. Филмот е направен како дел од покомплексна уметничка инсталација и за прв пат се проектира надвор од поставката. Овој проект беше финансиран од Амбасадата на Холандија во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.