Јануари, по обичај, е терминот за детски филмови во „Кино утро“ во Кинотеката. Веднаш по новогодишните и божикните празници најмладата публика ќе има убава можност да проследи десет наслови од поновата продукција на детски филмови.
Програмата „Кино утро“ во кинотеката е составена од детски играни и анимирани филмови, главно од европските продукции – Германија, Данска, Италија, Романија, Австрија, Франција – но и од прочуената јапонска школа за анимација.
Зимскиот распуст за најмладите љубители на подвижните слики може да започне!
8 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 12:00 Ч.
КИНО УТРО
РАФИ
(Rettet Raffi)
Игран филм, Германија
2015, 97 мин., колор, ДЦП
Режија: Аренд Агте (Arend Agthe)
Сценарио: Аренд Агте, Бетина Купфер (Arend Agthe, Bettina Kupfer)
Улоги: Николаус фон дер Реке, Софи Линденберг, Ханриете Хајнце (Nicolaus von der Recke, Sophie Lindenberg, Henriette Heinze)
Осумгодишниот Семи и неговиот хрчак Рафи се неразделни. Хрчакот на Семи е нешто посебно. Имено, тој знае да игра фудбал и има подобар мирис од кое било куче-трагач. Враќајќи се од ветеринар ќе биде украдена колата на мама заедно со кафезот и хрчакот. За Семи е јасно: нема да го остави на цедило својот најдобар пријател. Носејќи брзо одлука и без да им каже на мајка си Хелене или на постарата сестра Моли, најпосле самиот тргнува повторно да си го најде својот мал пријател во големата метропола Хамбург. Наскоро се воспоставува дека Рафи е киднапиран од бескруполозен злосторник. Започнува турбулентна авантура.
Возрасна категорија: 8 години
Влезница: 100 денари
9 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 12:00 Ч.
КИНО УТРО
УЛИЦА НА НАДЕЖТА
(Mercy Street)
Анимиран филм, Романија
2016, 74 мин., колор, ДЦП
Режија: Александру Бузеа, Стефан Бузеа (Alexandru Buzea, Stefan Buzea)
Сценарио: Алекс Бордеану (Alex Bordeanu)
Улоги: Кристијан Јакоб, Алекс Бордеану, Влад Радеску (Cristian Iacob, Alex Bordeanu, Vlad Radescu)
3Д аниминиран/игран филм за пријателство, пожртвуваност, храброст и последно но не и најмалку важно – љубов. УЛИЦА НА НАДЕЖТА (Mercy Street)е приказна за десетгодишно дете, Лоренц, кој открива таен премин во таен свет под оној реалниот. Свет кој ќе го однесе во една голема авантура со цел да ја спаси музиката во светот.
За Лоренц, кој е израснат само од неговиот татко, патувањето во шумата се претвара во една неверојатна авантура низ тајниот свет Хавала, каде тој го открива злобниот план на Маркус. Маркус е сопственик на рударска компанија каде што неговиот татко работи како инженер. Меѓутоа Маркус е злобен гениј кој има идеја да ја украде музиката од нашиот (реален) свет и да ја претвори во огромен извор на енергија со кој ќе проба да стигне да ја создаде бесмртноста.
Возрасна категорија: 8 години
Влезница: 100 денари
10 ЈАНУАРИ (ПЕТОК), 12:00 Ч.
КИНО УТРО
ЦЕНТАРОТ НА МОЈОТ СВЕТ
(Die Mitte der Welt/ Center of my world)
Игран филм, Германија/Австрија
2016, 115 мин., колор, ДЦП
Режија: Јакоб М. Ерва (Jakob M. Erwa)
Сценарио: Јакоб М. Ерва, Андреас Стајнхефел (Jakob M. Erwa, Andreas Steinhöfel)
Улоги: Бендикс Хансен, Сара Фурер, Луис Хофман (Bendix Hansen, Sarah Fuhrer, Louis Hofmann)
17-годишниот Фил се враќа од летен камп и се враќа во домот каде што живее со неговата мајка, Глас и неговата сестра-близначка, Дијана. Едвај имаат контакт со другите жители на селото кои сметаат дека семејството на Фил е чудно, а за Дијана велат дека може да разговара со животни. Меѓутоа, често ги посетува Тереза, адвокат, кој секогаш има добри совети за Фил. Фил забележува дека нешто се сменило меѓу неговата мајка и неговата сестра и дека повеќе не зборуваат една со друга. Но, сепак Фил ги поминува последните денови од својот летен одмор со неговиот најдобар пријател Кат. Кога почнува со училиште, во неговото одделение доаѓа мистериозниот Николас. Тој се вљубува во него и неговото пријателство со Кат поради завист и љубомора. Сега пред Фил стои предизвикот да откри што е неговиот центар на светот.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари
11 ЈАНУАРИ (САБОТА), 12:00 Ч.
КИНО УТРО
ПО СТАПКИТЕ НА МОЈОТ ТАТКО
(La pelle dell’orso / On the trail of my father)
Игран филм, Италија
2016, 92 мин., колор, ДЦП
Режија: Марко Сегато (Marco Segato)
Сценарио: Енцо Монтелеоне, Марко Паолини (Enzo Monteleone, Marco Paolini)
Улоги: Мирко Артусо, Лучија Машино, Леонардо Масон (Mirko Artuso, Lucia Mascino, Leonardo Mason)
Доменико е младо момче кое живее во едно мало село во срцето на планините Доломити. Неговиот татко Пјетро има педесет години, но изгледа повозрасно, изнемоштен од осаменост и вино. Тој работи во каменоломот кој е во сопственост на Крепац, локален бескрупулозен претприемач. Односот помеѓу таткото и синот е суров и тежок, долгите тишини пополека ги претвораат во двајца странци. Веќе некое време, една мечка му се заканува на мирното село. Една од ноќите во пабот Пјетро ќе го предизвика Крепац – ветува дека ќе ја убие мечката во замена за пари. Пјетро следното утро тргнува кон шумата, а Доменико одлучува да го следи. Таткото и синот се впуштаат во шумата, се подлабоко и подлабоко. Малку по малку, тие ќе станат повторно блиски и ѕидот кој ги раздвои ќе се распарчи пред бескрајот на природата.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари
13 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 12:00 Ч.
КИНО УТРО
ГОСПОДИНОТ МОЛ И ФАБРИКАТА ЗА ЧОКОЛАДО
(Papa Mol / Mr. Moll and the chocolate factory)
Игран филм, Германија
2017, 90 мин., колор, ДЦП
Режија: Мануел Флурин Хендри (Manuel Flurin Hendry)
Сценарио: Матијас Пахт, Мануел Флурин Хендри (Matthias Pacht, Manuel Flurin Hendry)
Улоги: Штефан Курт, Луна Пајано, Максвел Маре (Stefan Kurt, Luna Paiano, Maxwell Mare)
Целата приказна се случува кога г-дин Мол е сам дома со децата и, всушност, се случува еден чоколаден хаос. Додека г-дин Мол работи прекувремено во фабриката за чоколада неговите деца се впуштаат во борба со децата на соседите – борба која настанува со слатки и се случува тотален хаос. Како дел од истата е миленичето Circus Dog.
Возрасна категорија: 8 години
Влезница: 100 денари
14 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 12:00 Ч.
КИНО УТРО
ПОМОШ, ГИ СМАЛИВ РОДИТЕЛИТЕ
(Hilfe, ich hab meine Eltern geschrumpft /Help, I shrunk my parents)
Игран филм, Германија
2018, 93 мин., колор, ДЦП
Режија: Тим Трагесер (Tim Trageser)
Сценарио: Герит Херманс (Gerrit Hermans)
Улоги: Оскар Кејмер, Лина Хуескер, Ања Клинг (Oskar Keymer, Lina Hüesker, Anja Kling)
Од креаторите на германската детска авантура ПОМОШ, ЈА СМАЛИВ УЧИТЕЛКАТА ни доаѓа продолжението на оваа детска комедија под наслов ПОМОШ, ГИ СМАЛИВ РОДИТЕЛИТЕ, каде овој пат мајката и таткото се оние што ќе бидат смалени во џебна големина.
Училиштето на Феликс повторно е опседнато, само овој пат тоа не е добронамерниот дух на основачот на училиштето Ото Леонард и непријатността што ја предизвика, туку омразената и почината директорка Хулда Стингберд. Феликс, Ела и нивната банда мораат да го спасат училиштето и повторно да ги вратат учителката Шмит-Гесененвејн и родителитена Феликс во нивната оригинална големина.
Возрасна категорија: 8 години
Влезница: 100 денари
15 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 12:00 Ч.
КИНО УТРО
МИРАИ
(Mirai no Mirai/ Mirai)
Анимиран филм, Јапонија
2018, 98 мин., колор, ДЦП
Режија: Мамору Хосода (Mamoru Hosoda)
Сценарио: Мамору Хосода (Mamoru Hosoda)
Гласовни улоги: Ребека Хол, Даниел Дае Ким, Џон Чо (Rebecca Hall, Daniel Dae Kim, John Cho)
Филмот го следи четиригодишниот Кун, кој се обидува да се справи со пристигнувањето на новиот член во семејството, сестричката Мираи. Мистериозната градина во нивниот двор станува порта, која му овозможува на момчето да патува назад во времето каде што ќе се сретне со својата мајка како мало девојче и неговиот прадедо како млад човек.
Овие фантастични авантури ќе му помогнат на момчето да го смени мислењето и да стане големиот брат кој неговата сестра го заслужува.
МИРАИ освои по една номинација за Оскар и за Златен глобус, во категоријата за најдобар анимиран филм, а забележа учество и награди на дваесетина филмски фестивали во светот: Остин, Хјустон, Флорида, Џорџија, Феникс, Сиетл, Лос Анџелес, Сан Франциско, Вашингтон (САД), Монтреал (Канада), Ваљадолид (Шпанија)…
Возрасна категорија: 8 години
Влезница: 100 денари
16 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 12:00 Ч.
КИНО УТРО
ХАКЕР
(Hacker)
Игран филм, Данска
2019, 97 мин., колор, ДЦП
Режија: Пол Берг (Poul Berg)
Сценарио: Пол Берг, Руне Кале Бјерко (Poul Berg, Rune Kalle Bjerkø)
Улоги: Есбен Далгард Андерсен, Јанус Набил Бакрави, Алфред Бјерне Ларсен (Esben Dalgaard Andersen, Janus Nabil Bakrawi, Alfred Bjerre Larsen)
Филмот ја раскажува приказната на тринаесетгодишниот талентиран хакер Бенјамин, кој открива дека мајка му не починала во сообраќајна несреќа пред години, како што му било кажано.
Трагата посочува кон високи службеници во Данската тајна служба, па Бенјамин заедно со неговата нова другарка Савана тргнува на стресна потрага да ја дознае вистината за исчезнувањето на неговата мајка.
Возрасна категорија: 8 години
Влезница: 100 денари
17 ЈАНУАРИ (ПЕТОК), 12:00 Ч.
КИНО УТРО
ДВОЈНА НЕВОЛЈА И МАГИЧНОТО ОГЛЕДАЛО
(Unheimlich perfekte Freunde / Double Trouble and the Magical Mirror)
Игран филм, Германија
2019, 92 мин., колор, ДЦП
Режија: Маркус Х. Розенмилер
Сценарио: Нора Лемерман, Симоне Хефт
Улоги: Луис Форбах, Јона Генслен, Маргарита Бројх (Luis Vorbach, Jona Gaensslen, Margarita Broich)
Фридо е весело дете и, како и повеќето деца на негова возраст, малку мрзливо во училиште. Еден ден, бегајќи од расправата на неговите родители, ќе налета на магично огледало на градскиот саем. Со помош на магија ќе создаде свој двојник – кој е совршен во сè што Фридо не е. Со помош на двојникот, кој е многу добар на училиште, Фридо почнува да има сè помалку обврски. Најпрвин е многу забавно што дури ќе му ја каже својата тајна на најдобриот другар Емил сè додека сите соученици недознаат и направат сопствени двојници. Никој повеќе не оди на училиште, па откачените двојници почнуваат да доминираат. Оригиналните деца почнуваат да сфаќаат дека им недостасува стариот живот и одлучуваат да ги преземат работите во свои раце со поставување стапица што ќе ги натера двојниците навреме да се вратат во огледалото.
Награди: Kinder-Medien-Preis “Der weiße Elefant” – Best Film
Фестивали: Zlín Film Festival 2019; Giffoni Film Festival 2019
Возрасна категорија: 8 години
Влезница: 100 денари
18 ЈАНУАРИ (САБОТА), 12:00 Ч.
КИНО УТРО
МОМЧЕТО ФАНТОМ
(Phantom boy)
Анимиран филм, Франција
2015, 84 мин., колор, ДЦП
Режија: Жан-Луп Фелисиоли, Алан Гањол (Jean-Loup Felicioli, Alain Gagnol)
Сценарио: Ален Жањол (Alain Gagnol)
Улоги:Едуар Баер, Жан-Пјер Мареј, Одри Тату (Edouard Baer, Jean-Pierre Marielle, Audrey Tautou)
Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, може да стане невидлив и да поминува низ ѕидови. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој е привремено во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен…
Филмот е синхронизиран на македонски
Возрасна категорија: 8 години
Влезница: 100 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.