Бесплатно кино под отворено небо во Велес од вечерва од 21 часот ќе има на паркинг просторот кај театарот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“.Ќе се прикажуваат филмови од режисерот Бранко Гапо, а прв на програмата вечерва е „Истрел“. На 10 август ќе биде прикажан филмот „Време,води“ а на 13 август „Македонска сага“.
Ги покануваме љубителите на филмот да присуствуваат на овие бесплатни летни кино вечери и да уживаат, повикуваат од велешкиот театар кој е организатор на ИФАД „Стоби 2021“.
Филмовите се придружна програма во рамки на програмата на ИФАД „2021“.
Оваа е можност повозрасните велешани да се потсетат кога до пред 20 години во градот се прикажуваа филмови на отворено, а помладите за првпат да гледаат кино на отворен простор.
Повозрсните велешани се сеќаваат на поранешните две кино сали на отворено, едната која е во склоп на Киното „11 Октомври“, а другата ви склоп на киното „Вардар“ која воедно беше воедно и старата зграда на велешкиот Народен театар.
Затворните две кино сали на отворено веќе со години се руинирани, запуштена и пропаѓаат. Онаа кај велешкиот театар, заедно со театарската зграда наскоро треба да се сруши, а за Општината според својата одлука на тоа место да изгради станбена зграда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.