Продукцијата „Кино Око” започна со снимање на краткиот игран филм “Здив” во режија на Радован Петровиќ. Филмот ќе се снима на локации низ Скопје и ја третира темата на аерозагадувањето, известија од продукцијата.
Главните улоги ги толкуваат Верица Недеска Трајкова, Зоран Љутков, Анастасија Аневска и Ториан Азгоур. Директор на фотографија е Андреј Лембанов, костимограф Жаклина Крстевска, шминкер Ирена Сенокозлиевска, сценограф Симо Бранов, а продуценти се Сања Тодоровска Арсова и Роберт Насков.
Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.