На 10 и 11 јули (петок и сабота) во паркот на МКЦ ќе се одржат бесплатни филмски проекции со почеток од 21 часот.

За петок е најавена проекција на филмот „Тhe house that jack built“ на Ларс вон Триер, додека во сабота ќе се прикажува „You were never really here“ на Лин Рамсеј.

Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита. Бројот на маста за седење е ограничен.

Доколку сакате да имаме културна програма ова лето, Ве молиме грижете се за себе и другите. Придржувајте се до мерките и протоколите“, порачуваат од МКЦ Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.