Денеска (25 јули, четврток) во рамките на програмата на Кино на трева во МКЦ, е филмот „Лоро“ на Паоло Сорентино, филм кој говори за животот на Силвио Берлускони.
Сместен главно во неговата луксузна резиденција на Сардинија, филмот преку делумно фиктивни настани ни ги прикажува личноста на Берлускони, неговата политичка кариера, скандалите, односот со сопругата и неговото двозначно наследство. Насловот „Лоро“ на италијански значи „Тие“, но исто така претставува и игра на зборови со l’oro што значи „злато“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.