Симона Угриновска, директорката на Македонскиот народен театар (МНТ) не сака да ја коментира одлуката на Владата со која е казнета 15 отсто од платата во следните три месеци, поради дивеењето на навивачите на Шкупи, „Шверцери“.
Во изјава за „Факултети.мк“ Угриновска вели дека е изненадена од одлуката на Владата но нема да ја коментира.
На вчерашната седница беше усвоена информацијата за настанот од 23 ноември годинава, кога во МНТ беше организирана прослава по повод јубилеј на навивачката група „Шверцери“. Владата го задолжи Министерството за култура во соодветна постапка да ѝ наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара надомест на штетата направена за време на настанот, а на директорката да и биде изречена казна со намалување на платата за 15 проценти во траење од 3 месеци затоа што направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор.
На 22 ноември, на прославата на Денот на албанската азбука, „Шверцери“ го искинаа тапацирот на седиштата, откорнаа орнаменти од првата галерија како и неколку светлосни знаци кои одбележуваат излез. Директорката тогаш изјави дека прославата била во организација на Владата, и дека неа ѝ ми било кажано дека ќе има два настана.
За првиот официјален дел, свечената академија бев во координација со портпаролот на Владата Мухамед Хоџа. За вториот настан, координатор беше Артан Груби и тој ми кажа дека ќе има само проекција на документарен филм, изјави тогаш Угриновска.
Во МНТ, во вториот официјален дел се прославуваше 30 години постоење на навивачката група „Шверцери“. Беше прикажан и документарен филм за навивачите од Чаир низ годините, а присутни беа и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот, како и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата.
Дивеењето на „Шверцери“ чинеше 4.000 евра.
По вандалскиот чин во МНТ Владата донесе одлука да се формира работна група составена од заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири и директорката на МНТ, Угриновска.
Владата, како што тогаш соопшти владината прес-служба, ја задолжи работната група до премиерот во заминување Зоран Заев, да достави извештај за начинот на кој е одобрена и спроведена организацијата на настанот Прослава на 30 годишнината од постоењето на навивачката група „Шверцери“ во Националната Установа Македонски народен театар, во кој треба да биде содржана и детална информација за евентуалната штета на инвентарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.