Синоќа (26 јануари) во Кино Култура во рамките на манифестацијата АртАреа беше промовирана новата книга на Ненад Јолдески насловена „Пливање спротиводно“.
Се работи за 168 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на Или-Или. Авторот на две книги раскази (Штамата на Енхалон, 2009 и Секој со своето езеро, 2012) и добитник на Европската награда за книжевност (2016) овој пат се јавува со еден кус роман или новела, за која во поговорот го напиша академик Катица Ќулавкова.
Ненад Јолдески ги покажува своите вештини на опишување на урбаните и природните амбиенти и пејзажи, особено оние кои го сигнализираат нескриено присуството на Струга и струшкото крајбрежје. Тој ни нуди едноставна, но современа нарација која е интимно поврзана со неговото струшко-македонско ментално битие од каде што тој поаѓа во освојување на книжевниот свет и каде што се враќа за да му даде смисла на тој свој свет. Се враќа постојано назад, а всушност продолжува напред, преосмислувајќи ги парадигмите на враќањето врз параболата на јагулите. Раскажувајќи ја македонската сага врз предлошката на јагулите, на Охридското Езеро на Дрим. Река која не исчезнува, пишува Ќулавкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.