Катедрата за современ танц при Филската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ ја започнува новата студентска година, првпат во новите простории во Домот на Армијата во Скопје.

Од денсека започнува наставата во новоотворените простории во Домот на Армијата во Скопје, кои се целосно реновирани и по највисоки стандарди опремени за изведување настава за современ танц. Катедрата за современ танц, најавува богата програма во која ќе учествуваат студентите, преку соработката со девет европски танцови универзитети и акедмиии, со кои се најавува тесна соработка во следниов период. Повторно се планира програмата за фестивалот „Share“ кој се одржува од 2017 година, а во 2018 година се одржа во Скопје и Штип, со учество на преку сто студенти од овие девет академии од Австрија, Словенија, Унгарија, Полска, Република Чешка, Велика Британија, Латвија и Македонија. Првпат по пандемијата, овоаа програма се обновува и ќе се одржи во Братислава, Република Чешка. Новата генерација студенти на УГД ќе имаат можност да работат по современа европска програма, да настапуваат и да разменуваат искуства со останати студенти од Европа и пошироко. Својата пракса и понатаму ќе ја имаат во соработка со Скопје танцовиот театар, што ќе им овозможи настапи во земјава и странство, вели Рисима Рисимкин, декан на Филмската академија на УГД.

Од ноември 2021, за прв пат ќе започнат и програмите за втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД, мастер програми за кореографија и танцова едкуација, на англиски јазик, за кои веќе има голем интерес од земјава и странство. Во рамките на овие програми ќе се одржува и програма, насловена „Креативен центар“ во која студентите од втор циклус студии, покрај регуларната настава, ќе имаат можност да посетуваат предавања на врвни уметнички имиња од полето на изведбените уметности, визуелните уметности, но и социологија и антропологија од земјава и странство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.