Катедрата за современ танц при Универзтитетот „Гоце Делчев“, сезонава ќе биде дел од фестивалот „Споделување“ кој се возобновува по паузата предизвикана од КОВИД -19, и кој ќе се одржи во Братислава, Република Чешка.
Студентите на Катедрата за современ танц од двата циклуса, ќе имаат можност да настапат со свои кореографии и изведби, како и да држат работилници во друштво на девет други европски универзитети и академии за танц, и тоа од Австрија, Чешка, Полска, Унгарија, Велика Британија и Латвија.
Овие поврзувања и комуникација со европски вискообразовни институција, ја зголемуваат можноста за развој на студентите и нивно претставување во контекст на европската современа танцова сцена.
Неделава, започнува со работа високообразовната програма од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во просториите кои овој универзитет ги има во Домот на Армијата Скопје.
Програмите од втор циклус студии се на англиски јазик, со цел да се привлечат, покрај домашните и странски студенти. Во програмите, има насока за кореографија и за педагогија, за кои во моментов постои подеднаков интерес, а веќе има и запишани студенти од странство. Ова е една од новините кои УГД како високообразовна институција од највисок ранг во земјава ги воведува, за да овозможи висококвалитетна работа со запишаните студенти. Во рамки на програмата на овие студии ќе се организираат „Креативни центри“, платформа во која предавања ќе држат еминентни професори и уметници од различни уметнички и образовни категории, од земјава и странство, со цел, студентите да добијат, покрај посебно-стручно образование, поширок спектар на знаења, кои ќе им овозможат да напредуваат и да станата курентни на европско ниво.
Студентите на додипломските студии и на мастер програмите ќе остваруваат пракса со Скопје танцовиот театар и ќе настапуваат во рамките на реномираниот интернационален фестивал Танц Фест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.