Како резултат на пандемијата со корона-вирусот Канскиот филмски фестивал одлучи фестивалскиот маркет Marché du Film оваа година да го организира онлајн.
Marché du Film 2020 ќе се одржи од понеделник 22 до петок 26 јуни и ќе понуди сосема ново искуство за сите филмски професионалци (продуценти, дистрибутери, агенти за продажба) преку онлајн проекции, настани и состаноци во живо. Сите заинтерсирании компании и поединци од филмскиот сектор може да се акредитираат по посебна цена 95-евра до 29-ти мај.
Дополнително, прочитајте тука какви мерки преземаат дел од европските земји, кога ќе се отворат кино салите и какви безбедносни мерки се воведуваат за снимање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.