Дебрца лежи врз древна цивилизација. Археолошките локалитети Требенишко кале и Требенишката некропола се само дел од богатствата со кои располага овој регион кои во иднина ќе се користат за развој на туризмот.

Градоначалникот Ногачески најави дека задружниот дом во Требеништа се планира да биде Дом на археолошкото наследство на Дебарца каде ќе бидат сместени сите вредни предмети.

Со истражувањата на Требенишкото кале откриени се остатоци на античкиот град Дебрец по чија местоположба трагаа македонските историчари и археолози повеќе од половина век.

Од Управата за заштита на културното наследство, велат дека ваквите знајачни локалитети треба да го добијат вистинското место во регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.